/ Прочитано:

1.530

ИЗВЕШТАЈ: Злоупотребата на личните податоци најзастапена на Фејсбук

Поради креирање лажни фејсбук-профили, до Дирекцијата пристигнале 111 претставки, 63 претставки поради хакирани фејсбк-профили, а 65 се однесуваат на социјалните мрежи генерално. Тринаесет претставки се однесувале на креирање лажен фејсбук-профил на дете.

Фејсбук

Претставките поради злоупотреба на личните податоци на социјалните мрежи биле најбројни, стои во Извештајот на Дирекцијата за заштита на личните податоци за нејзиното работење во 2015 година.

Поради креирање лажни фејсбук-профили, до Дирекцијата пристигнале 111 претставки, 63 претставки поради хакирани фејсбк-профили, а 65 се однесуваат на социјалните мрежи генерално. Тринаесет претставки се однесувале на креирање лажен фејсбук-профил на дете.

Освен претставките против злоупотреба на социјалните мрежи, најмногу претставки биле упатени и против државната управа, поточно 86 претставки кои се однесувале на новинарско прашање, додека 18 на видеонадзор.

Од вкупно 393 претставки, примени се вкупно 317 претставки од физички лица и 72 претставки од правни лица. Анонимно биле испратени 4 претставки.

Од Дирекцијата наведуваат дека развојот на програмските активности и иницијативи, воопшто, и работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, оди токму во насока на зголемување на свеста кај граѓаните за правото на заштита на личните податоци.

„Резултатите извлечени од бројот на добиени претставки од физички лица само говорат во прилог на фактот за успешно спроведените кампањи, дистрибуција на информативни материјали и разни иницијативи за промоција во изминатиот период во 2015 година“, велат од Дирекцијата во Извештајот.

Од Дирекцијата велат дека постои намалување на бројот на добиени претставки од страна на правни лица, што го објаснуваат со позитивната примена на прописите за заштита на личните податоци кај контролорите.