/ Прочитано:

1.020

Извештајот на Јанева во петок пред Советот на јавни обвинители

Како што информираат од Советот, на седницата се поканети да присуствуваат Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски и Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева.

katica janeva 1

Советот на јавни обвинители на седница закажана за петок ќе го разгледува извештајот за шестмесечната работа на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен со Советот и до Собранието вчера.

Како што информираат од Советот, на седницата се поканети да присуствуваат Јавниот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски и Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Катица Јанева.

Според Законот за специјалното јавно обвинителство, првиот човек на СЈО е одговорен за својата работа пред Советот на јавни обвинители и Собранието.