/ Прочитано:

779

Јашари се сретна со делегацијата на Мониторинг комисијата на ПС на СЕ

Четврток, 30 април 2015 – Министерот за правда Аднан Јашари вчера се сретна со делегацијата на Мониторинг комисијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа. На средбата, како што информираат од Министерството за правда се разговарало за актуелната политичка состојба во земјава.

Во состав на делегацијата се  известителот на пост-мониторинг дијалогот со Република Македонија, Роберт Валтер и Силвија Алхолдер секретар на мониторинг комитетот.

Членовите на делегацијата искажале посебен интерес во однос на правната регулатива во Република Македонија    со акцент на функционирањето на судската власт и Јавното обвинителство.

„Министерот Јашари ги информираше присутните и за соработката на Министерството за правда со правосудството и Јавното обвинителство.

Членовите на Делегацијата изразиле надеж дека мостовите помеѓу различните етнички заедници се стабилни и дека се надеваат на позитивна разрешница на моменталната политичка состојба“, соопштуваат од Министерството за правда.