/ Прочитано:

906

Јашари: Специјалниот обвинител засега има две канцеларии во Министерството за правда

Понеделник, 28 септември 2015 – Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева има две канцеларии во Министерството за правда, бидејќи понудените простории од владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР), таа не ги прифатила, изјави денеска министерот за правда Аднан Јашари.

Со објавување на јавен тендер за обезбедување на простории, како што додаде министерот Јашари, во рок од пет дена обвинителката ќе биде обезбедена со простории. 

На новинарско прашање за случаите „Монструм“, „Сопот“, или други случаи поврзани со прислушуваните разговори, министерот Јашари рече дека согласно Законот за специјален обвинител кој беше усвоен од страна на Собранието на РМ, точно се наведува дека во зависност на содржината разговорите што ќе бидат доставени до Специјалниот јавен обвинител ќе биде утврдена и неговата надлежност.

„Ако во конкретниот случај постојат такви докази и во однос на овие случаи врз основа на што Специјалниот јавен обвинител се смета како надлежна тогаш таа по службен пат ќе има потреба да поведе постапка и за овие случаи“, истакна Јашари.