/ Прочитано:

711

Кaндидaтот нa Држaвнaтa правосудна академија во Бордо, Светлана Зашова, ќе го реализира својот потребен стаж во АСЈО „Павел Шатев“

Кaндидaтот нa Држaвнaтa правосудна академија во Република Франција, Светлана Зашова, ќе го реализира својот потребен стаж во странство во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

pravosutstvo2

Во рамките на активностите кои се предвидени со Меморандумот за соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев и Амбасадата на Република Франција во Република Македонија, во периодот од 28 јануари до 13 февруари 2016 година, Светлана Зашова, кандидат на Државната правосудна академија во Бордо, Република Франција, ќе го реализира својот потребен стаж во Република Македонија, во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Стажирањето во надворешни странски правосудни институции е пракса на Државната правосудна академија на Република Франција, а целта е кандидатот да се запознае со правните системи на другите земји. Од Академијата за судии и јавни обвинители велат дека изминативе години повеќе кандидати во Академијата го реализирале својот потребен стаж.

„Во таа насока, Академијата подготви посебена Агенда адаптирана на интересите и правните области кои се значајни за кандидатката Зашова, во чии рамки се предвидени низа посети на релевантни правосудни институции каде ќе може да се запознае подетално со нивната организациска поставеност и секојдневната работа, пришто ќе има можност и преку поединчени средби да размени искуства со судиите и јавните обвинители од Република Македонија, како и со претставниците на останатите релевантни институции во Република Македонија“, велат од Академијата.

Првиот ден од своето стажирање кандидатката Зашова, ќе го започне во Академијата за судии и јавни обвинители, каде ќе остварии работна средба со директорот на Академијата,  Анета Аранудовска, со дел од вработените, како и со дел од менторите, едукаторите на Академијата и кандидатите од почетната обука,  пришто ќе има можност да се запознае со работата на Академијата, нејзината организациска структура, како и нејзината улога во правосудниот систем на Република Македонија

Во рамките на останатите работни денови Светлана Зашова ќе оставари низа работни средби и состаноци и тоа во Судскиот совет на Република Македонија, Советот на јавните обвинители на Република Македонија, Апелационен суд Скопје, Основен суд Скопје 1, Основен суд Скопје 2, Вишо јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство Скопје, Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Апелационен суд Битола, Вишо јавно обвинителство Битола, Основно јавно обвинителство Битола, Основен суд Битола, Министерство за правда на Република Македонија, Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, Канцеларијата на народниот правобранител на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи – Сектор за меѓународна полициска соработка и Сектор за криминалистичкка техника, Управа за финансиска полиција, Адвокатска комора на Република Македонија, Нотарска комора на Република Македонија и Комора на извршители на Република Македонија.