/ Прочитано:

1.073

Ќе се чита обвинението против масовниот убиец од Колорадо

Понеделник, 30 јули 2012 – Пред судот во Денвер, денеска се очекува да биде прочитано обвинението против Џејмс Холмс, обвинет за масакарот што се случи на премиерата на филмот „Бетмен“ во Колорадо. 

Холмс е обвинет дека  убил 12 лица, а повредил 58 лица кои на премиерата биле дел од публиката. Во обвинението стои дека Холмс претходно набавил оружје и муниција, а со тоа се покажува дека тој го планирал нападот, пренесува српска „Политика“.

Во јавноста протекуваат информации дека судијата Вилијем Силвестер им забранил на сите инволвирани странки да зборуваат јавно за случајот. Засега е познато дека обвинителството ќе бара смртна казна за обвинетиот, а се уште не се знае што истражните органи пронашле како мотив за овој масакар. Се очекува денешното рочиште да помине без камери и фотоапарати, а судијата да ги разгледа барањата на новинарите кои што се заинтересирани за документите на обвинителството. Адвокатот на обвинетиот побарал од судијата да направи се за да се стиши медиумската фама за овој случај.

Холмс, денеска по втор пат ќе влезе во судница. На минатото рочиште од видео снимките се гледа дека тој не зборува ништо, изгледа уморно и се труди да не заспие. Адвокатот на Холмс во јавноста проговорил дека тој е на психијатриска терапија, а денеска во судница би требало да се објасни менталната состојба на обвинетиот преку комуникација со неговиот личен психијатар Лине Фентон.