/ Прочитано:

3.376

КЛУБОТ НА ОРАТОРИ: Обука за јавно говорење и реторички вештини

Среда, 11 ноември 2015 – Традиционално како и секоја година, Клубот на оратори организира Обука за јавно говорење и реторички вештини која ќе се одржи во перидот од 14-ти до 22-ти ноември 2015 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

„Клубот на Оратори е единствената сертифицирана организација во Република Македонија која се занимава со јавно говорење и реторички вештини. Клубот е основан 2001 година од група млади ентузијасти, учесници на Ораторските вечери “Иво Пухан” на Правниот факултет “Јустинијан Први” – Скопје. Од своето формирање до денес, Клубот има повеќе од 400 членови, меѓу кои најбројни се студентите и средношколците.

Една од основите цели на Клубот на оратори е оспособување на младите луѓе за успешно користење на техниките за јавно говорење, поради што секоја година традиционално се организира Обука за јавно говорење и реторички вештини. Обуката се состои од два дела –  пет работилници и практична примена на стекнатите вештини (пишување на говор, работа на говорот и вежбање со ментор и изведба на говорот)“, велат од Клубот на оратори, од каде најавуваат дека во текот на работилниците ќе бидат покриени следните теми:

Историја на говорништво; – Костур, содржина и пишување на говор; – Невербална комуникација; – Вербална комуникација, дикција и правилен изговор;

– Тремата и незјиното совладување.

Работилниците ќе ги водат членови на Клубот на оратори со долгогодишно искуство, како и истакнатите гости доц. д-р. Иванка Додовска (тема: историја на говорништво), актерот Игор Стојчевски и оперската пејачка Билјана Јосифов (тема: тремата и нејзиното совладување).

Обуката е отворена за сите заинтересирани, а пријавувањето се врши во просторијата на Клубот на Оратори, секој ден од 11 до 14 часот и пред почетокот на обуката на 14 ноември, во 11.00 часот. Обуката ќе чини 400 денари.

По успешно завршување на обуката, секој учесник ќе добие серитификат за успешно завршена обука по јавно говорење, а најдобрите говорници ќе бидат наградени.

За подетални информации, обратете се на klubnaoratori@gmail.com, на Facebook страната Клуб на Оратори – Forum Oratores, или на тел. 078 666 255.