/ Прочитано:

9.287

Кои се празниците кои доколку паднат во недела, наредниот ден е неработен?

Среда, 15 јануари 2014 – Законот за празниците на Република Македонија прави разграничување на државни празници, празници на Република Македонија, празници на етничките заедници и празници за припадници на верските заедници. Според овие категории, како што определува законот, ако државен празник  и празник на Република Македонија се падне во недела, наредниот ден е неработен.

Закон за празниците на Република Македонија:

Член 1

Со овој закон се утврдуваат државните празници на Република Македонија и другите празници и се определуваат неработните денови на празнувањето.

Член 2

Државни празници на Република Македонија се: – 24 Мај, “Св. Кирил и Методиј” – Ден на сесловенските просветители; – 2 Август, Ден на Републиката; – 8 Септември, Ден на независноста; – 11 Октомври, Ден на народното востание; – 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба и – 8 Декември, “Св. Климент Охридски”.

Празници на Република Македонија се: – 1 Јануари, Нова година; – Божик, првиот ден на Божик, 7 јануари според православниот календар; – Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар; – 1 Мај, Ден на трудот и – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам.

Член 3

Празниците од членот 2 на овој закон се неработни денови.

*Доколку празниците од членот 2 на овој закон паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

Член 4

Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови за верниците од православната вероисповед се: – Бадник, ден пред Божик; – 19 Јануари, Богојавление (Водици); – Велики Петок, петок пред Велигден; – 28 Август, Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) и – Духовден, петок пред Духовден.

Во Република Македонија се празнуваат и неработни денови се: – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам за верниците од муслиманската вероисповед; – 22 Ноември, Ден на албанската азбука за припадниците на албанската заедница; – 21 Декември, Ден на настава на турски јазик за припадниците на турската заедница; – Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур за припадниците на еврејската заедница; – првиот ден на Божик, вториот ден на Велигден и Празникот на сите светци, според Грегоријанскиот календар за верниците од католичката вероисповед; – 27 Јануари, Свети Сава за припадниците на српската заедница; – 8 Април, Меѓународен ден на Ромите за припадниците на ромската заедница; – 23 Мај, Национален ден на Власите за припадниците на влашката заедница и – 28 Септември, Меѓународен ден на Бошњаците за припадниците нa бошњачката заедница.

Член 5

Во неработните денови од членовите 2 и 4 на овој закон, работникот има право на надомест на плата, односно на зголемена плата во согласност со закон и колективен договор.

Член 6

Владата на Република Македонија со акт определува кои државни органи и други јавни служби, јавни претпријатија, трговски друштва, установи и други правни лица, се должни да работат во деновите на празниците од членовите 2 и 4 на овој закон.