/ Прочитано:

1.193

КОНСУЛТАТИВЕН СОСТАНОК: Компаративна анализа на правото на бесплатен бранител по службена должност на ниво на Западен Балкан

Како што информираат од македонскиот Хелсиншки комитет, во рамки на проектот е изготвена компаративна анализа во врска со правото на бесплатен бранител по службена должност кога обвинетиот е сиромашен, односно кога тоа го бараат интересите на правдата и задолжителна одбрана со бранител. Анализата на оваа тема за Република Македонија е подготвена од претседателот на Хелсиншкиот комитет, проф. д-р. Гордан Калајџиев.

helsinski-komitet-golema.jpg

Анализа на правото на бесплатен бранител по службена должност на ниво на Западен Балкан е темата на консултативниот состанок во рамките на регионалниот проект „Унапредување на заштитата на правата на обвинетите во Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Македонија и Албанија“, координиран од страна на Хелсиншкиот комитет на Република Српска, со поддршка на Канцеларијата на Американската адвокатска комора во Скопје.

Како што информираат од македонскиот Хелсиншки комитет, во рамки на проектот е изготвена компаративна анализа во врска со правото на бесплатен бранител по службена должност кога обвинетиот е сиромашен, односно кога тоа го бараат интересите на правдата и задолжителна одбрана со бранител. Анализата на оваа тема за Република Македонија е подготвена од претседателот на Хелсиншкиот комитет, проф. д-р. Гордан Калајџиев.

„Хелсиншкиот комитет побара и доби информации од 26 основни судови ширум државата што се однесуваат на поставувањето на бранители по службена должност, можноста за избор на бранител од страна на обвинетите лица, бројот на ангажирани бранители во 2015 година, начинот и времетраењето на исплата на бранителите и проверка на нивната компетентност од страна на судовите. Од страна на Судскиот совет на РМ беа побарани и добиени податоци во врска со вкупниот износ на ненамирени обврски на судовите за ангажирани бранители за последните 3 години“, велат од Хелсиншки.

За време на консултативниот состанок на кој ќе учествуваат адвокати и претставници на граѓански здруженија ќе бидат презентирани наодите и препораките од Анализата за почитувањето на правото на бранител во Република Македонија, како и одговорите на основните судови и Судскиот совет на РМ.

Состанокот ќе се одржи на 4 април 2016 година (понеделник), во хотелот „Арка“ во Скопје, со почеток од 12:00 часот.