/ Прочитано:

1.371

КРИВИЧЕН СУД: Одбиен предлогот за притвор за Јанкулоска и за Божиновски

„По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството. Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа“.

osnove-sud-skopje-1.jpg

По повеќечасовен распит во Основниот суд Скопје 1 на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е осомничена во предметот „Титаник“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, не и е одреден притвор.

Според пријавата на СЈО, Јанкулоска е осомничена дека сторила кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 ст.1 и „повреда на избирачкото право“ од чл.159 ст.2 в.в. со ст.1 в.в. со чл.45.

За неа и за уште неколку лица Специјалното јавно обвинителство побара определување на мерка притвор поради постоење на основите по чл.165 ст.1 т.2 од Законот за кривична постапка, односно:

„Основан страв дека ќе ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или ако особени околности укажуваат дека ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци, вештаци соучесници или прикривачот“.

Покрај Јанкулоска, денеска на распит во Судот бил и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Кирил Божиновски. Тој е осомничен за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 ст.1 и„злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања“.

Пред судија на претходна постапка денеска биле изведени и лицата К.Т. осомничен дека сторило кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 ст.2 и „кривично дело повреда на избирачкото право“ и Н.В. кој е осомничен дека сторило кривично дело „злосторничко здружување“ од чл.394 ст.2 и „кривично дело повреда на избирачко право“.

Во соопштението на Кривичниот суд објавено доцна вечерва е наведено дека:

„По сослушување на лицата во присуство на нивните полномошници, судијата на претходна постапка, во законски предвидениот рок од 6 часа по завршување на сослушувањето, донесе одлука со која го одби предлогот на обвинителството. Образложението на судијата на претходна постапка е опфатено во одлуката која е доставена до странките кои имаат право на жалба до овој суд во рок од 24 часа“.

Во петокот на распит пред судија на претходна постапка беше изведен поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и градоначалникот на општина Пустец, Албанија, Едмонд Темелко. Судот го отфрли предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување на притвор за осомничените. За Темелко беше определена превентивна мерка – јавување во судот во Ресен еднаш неделно.

По однос на ваквата одлука на Судот, СЈО поднесе жалби. Одлуката за превентивна мерка ја обжалил и Темелко.

КРИВИЧЕН СУД: Мерка за претпазливост за Исмет Гури