/ Прочитано:

1.403

Кривичниот совет ги одбил жалбите на СЈО за предметот „ТНТ“

Специјалното јавно обвинителство бараше мерки за претпазливост за поранешниот премиер, Никола Груевски, за поранешниот министер, Миле Јанакиески и за градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски кои се осомничени во предметот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“.

Основен суд Скопје 1

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корпција при Основниот суд Скопје 1 донесел решение со кое жалбите на Специјалното јавно обвинителство поднесени за лицата М. Ј., Т. Т. и Н. Г., опфатени во предметот на СЈО „ТНТ“, против кои судија претходна постапка со решение од 10.6.2016 година не определи мерки на претпазливост, се одбиваат како неосновани, а се потврдува решението на судијата на претходна постапка.

Специјалното јавно обвинителство бараше мерки за претпазливост за поранешниот премиер, Никола Груевски, за поранешниот министер, Миле Јанакиески и за градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски кои се осомничени во предметот „ТНТ“ за уривањето на објектот „Космос“.

Против решението на Кривичниот совет не е дозволена жалба.