/ Прочитано:

1.198

Кривичниот суд ги одбил предлогот за притвор и предлозите за мерки за претпазливост на СЈО за осомничените во „Тврдина“

Грујевски пред аболицијата од претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор во затворот „Шутка“, а по обжалување на одлуката, мерката беше преиначена во куќен притвор.

????????????????????????????????????

Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлозите на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за Горан Грујевски, началник на Петтата управа, првоосомничен во предметот „Тврдина“  и за определување мерки за претпазливост против останатите четири осомничени лица, меѓу кои и поранешната министерка Гордана Јанкулоска, донел решенија со кои ги отфрлил предлозите на СЈО.

„Странките во постапката имаат право на жалба на решенијата на судијата на претходна постапка до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот, во согласност со членот 249 ст. 1 од ЗКП.“

Во соопштението Судот го цитира членот 294 од ЗКП, кој гласи:

„Надлежност на судијата на претходната постапка

(1) По донесувањето на наредба за спроведување на истражна постапка до судијата на претходната постапка јавниот обвинител може да стави образложен предлог за определување на мерка притвор или други мерки за обезбедување на присуство на обвинетиот. Судијата на претходната постапка е должен без одлагање да го разгледа ваквиот предлог и веднаш да одлучи по него. Ако судијата на претходната постапка не се сложи со предлогот на јавниот обвинител, за тоа ќе донесе посебно образложено решение. Против ова решение јавниот обвинител има право на жалба во рок од 24 часа до советот од членот 25 став (5)на овој закон.“

Во однос на предлозите на СЈО се наведува дека Обвинителството не доставило докази и со забелешка се повикало на Наредбата за спроведување истражна постапка. Исто така, во образложенијата се наведува дека во однос на дела за кои не е надлежно СЈО, надлежно е Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во образложението на одлуката за Грујевски, меѓу другото, се наведува:

„Имајќи ги предвид цитираните законски одредби, произлегува дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите има законски лимитирана стварна надлежност која се однесува на овластување да истражува и гони кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите извршено во законски определениот период, цитирам:  ‘Неовластено следење на комуникации се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство пред 15 Јули 2015 година.’  Ваквото овластување на ова јавно обвинителство е строго лимитирано со Законот за јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникации, закон кој е lex specialis кога станува збор за овластувањата на ова јавно обвинителство како овластен тужител. Следствено на тоа, ова јавно обвинителство може да гони и истражува кривични дела кои несомнено се поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите извршено во периодот меѓу 2008 и 2015 година вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до Јавното обвинителство (кое постапувало до формирање на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите) пред 15 јули 2015 година, и само за тие кривични дела може да се јави како овластен тужител.“

Грујевски пред аболицијата од претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, помина неколку дена во притвор во затворот „Шутка“, а по обжалување на одлуката, мерката беше преиначена во куќен притвор.

Во образложението за одбивањето на предлогот на СЈО од страна на судијата на претходна постапка за оастанатите осомничени, меѓу другото, се наведува:

„При одлучувањето судијата на претходна постапка ги имаше предвид наводите на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите дека, во согласност со чл. 21 ст. 1 точка 7 од ЗКП, Кривичниот законик  и Законот за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат содржината на незаконското следење на комуникациите, ова јавно обвинителство е дел од јавнообвинителската структура, со што се стекнало со својство на овластен тужител за кривични дела за кои се гони по службена должност и тоа е неспорно, но ова обвинителство има лимитирана надлежност, строго определена со законот, да ги истражува и гони кривичните дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите извршено во законски наведениот период бидејќи кога се работи за кривични дела за кои се гони по службена должност, а кои не се поврзани и кои не произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите извршено во законски предвидениот период, овластен тужител е Јавното обвинителство на Република Македонија, па оттаму е јасна интенцијата на законодавецот да ги лимитира овластувањата на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и Судот нема друга можност освен на овој начин врз основа на законски определената надлежност да прифати овластен или неовластен тужител.“