/ Прочитано:

1.450

Кривичниот суд објави соопштение за определениот притвор на лицата кои ги гони Обвинителството за настаните во Собранието

„Постапувајќи по предлог на ОЈО за организиран криминал и корупција за определување на мерка притвор, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје во текот на вчерашниот ден беа спроведени 24 лица, за кои по нивно произнесување во однос на предлогот на Обвинителството, донесени се решенија со кои на лицата: М.Ч., О.П., И.Д., М.П., О.Р., Г.А., В.Т., Д.Л., И.Ц., Б.И., Ј.Ч., И.С., и В.М. судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на: С.М., Г.Ѓ., М.П., Е.Д.Б., Б.Д., В.Ј., им определи мерка куќен притвор.

Против овие неправосилни решенија, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет на овој суд во рок од 24 часа по приемот на решенијата.

За лицата кои се опфатени во предлогот, а во моментот ја извршуваат функцијата пратеник во Собранието на РМ, судијата на претходна постапка ќе пристапи кон одлучување по предлогот на Обвинителството  откако ќе биде одлучено по барањето на Судот испратено до претседателот на Собранието на РМ, додека за другите лица кои се опфатени во предлогот, а не беа спроведени пред судијата на претходна постапка, Судот сè уште нема добиено известие за причините поради кои не е постапено по наредбите за нивно приведување“, се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Одредбите од Уставот и Деловникот на Собранието на РМ за имунитетот на пратениците

ЈОРМ: Триесет и шестмина се гонат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

M.В