/ Прочитано:

643

КРИВИЧНИОТ СУД: Со постапките на СЈО се прават спектакли

Основниот суд Скопје 1 Скопје објави соопштение за јавноста во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни и предистражни предмети кои ги води Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите.

slika

„Во однос на повеќе новинарски прашања кои беа упатени до Судот во врска со повикувањето на сослушување на лица опфатени во истражни и предистражни предмети кои ги води Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите ( СЈО ), ја информираме јавноста дека со оглед на тоа што со постапките на СЈО се прават спектакли со кои секојдневно се занимава јавноста преку прес-конференции и телевизиски излагања, а истовремено не се води сметка за пресумпцијата на невиност и законитоста на постапките, Судот, респектирајќи го дигнитетот на судската власт, нема да учествува во ваков вид на спектакли, туку наместо тоа отсега благовремено и прецизно ќе ја информира јавноста за сите донесени одлуки преку соопштенија. Од тие причини, како суд за сите информации поврзани со истражни и предистражни постапки на некое од обвинителствата во Р Македонија, ве упатуваме да се обратите до странките во постапките бидејќи Судот ги почитува уставнозагарантираните права на сите страни во постапките“, стои во соопштението на Кривичниот суд.