/ Прочитано:

5.422

Листа на најбогати адвокати во светот според „World’s top most“

Листата на најбогати адвокати во светот ја предводи Вичај Тонгта од Бангкок чие богатство се проценува на 1.1 милијарди долари. Потоа следуваат: Вили Гери од Џорџија, САД, со 100 милиони долари, Џон Бранка од Њујорк кој „тежи“ 50 милиони долари, Џоел Сигал со 40 милиони долари итн.

На голем број страници и извори на интернет, постојат интересни и не баш познати информации во врска со адвокатите и адвокатурата во светот. Тие информации се однесуваат на бројот на адвокати, нивното богатство и големина на нивната адвокатска канцеларија.

Според овие информации бројот на адвокати во САД во 2011 изнесувал 1 245 205, а овој број до крајот на 2015 се зголемил на 1 300 705 адвокати. Листата на најбогати адвокати во светот ја предводи Вичај Тонгта од Бангкок чие богатство се проценува на 1.1 милијарди долари. Потоа следуваат: Вили Гери од Џорџија, САД, со 100 милиони долари, Џон Бранка од Њујорк кој „тежи“ 50 милиони долари, Џоел Сигал со 40 милиони долари итн.

Листата на адвокатски канцеларии со најголем профит во светот повторно ја предводат канцеларии од САД и Велика Британија. На прво место се наоѓа „Baker & McKenzie“ чиј приход изнесува 2.104.000.000 долари и „Skadden, Arps, Slate, Meagher & Flom“ кои имаат приход од 2 милијарди долари. Од Европа, со исклучок на Велика Британија, адвокатската канцеларија од Мадрид, Шпанија, „Garrigues“, се наоѓа на 70. место со промет од 466 милиони долари и адвокатската канцеларија од Париз, Франција „Fidal“, која се наоѓа на 81. место со приходи од 411 милиони долари.

Според Aдвокатската комора на САД, постојат 47 563 адвокатски канцеларии, а 76% од нив имаат 5 или помалку од 5 вработени правници. Процентот на жени адвокати од 1980 до 2005 година пораснал од 8 на 30%. Сепак, работата на адвокатите и нивната заработка е проследена и со силен стрес. Според податоците постојат и загрижувачки информации кои укажуваат дека самоубиството е трета по ред причина за смрт кај адвокатите, веднаш зад ракот и кардиолошките проблеми, а мажите адвокати на возраст од 20 до 64-годишна возраст имаат двојна шанса да извршат самоубиство, за разлика од мажите на иста возраст кои се занимаваат со други професии.

С. М.