/ Прочитано:

1.805

Комисија за заразни болести: Листерија e пронајдена во свински врат на „Екстра Меин“ од Куманово

Среда, 6 август 2014 –  Со 98 % сигурност причинителот на заразата со опасната бактерија листерија е ва­ку­ми­ран сеч­кан свин­ски врат од фирмата „Екстра Меин“ од Куманово, откри на денешната прес-конференција Комисијата за заразни болести.

„Истра­жу­ва­ња­та, од­нос­но ис­пи­ту­ва­ња­та на вкуп­но 650 мо­стри, пре­хран­бе­ни про­из­во­ди по­ка­жаа де­ка ба­кте­ри­ја ли­сте­ри­ја е нај­де­на во три­е­сет про­из­во­ди што тер­мич­ки се обра­бо­ту­ва­ат и се сме­та­ат за без­бед­ни за ја­де­ње, и кај еден про­из­вод што не се обра­бо­ту­ва тер­мич­ки, а тоа е ва­ку­ми­ран сеч­кан свин­ски врат. Ге­не­тич­ки­те про­фи­ли на ли­сте­ри­ја од овој про­из­вод во 98 от­сто се сов­па­ѓа­ле со оние нај­де­ни кај осум­те­ми­на раз­бо­ле­ни од ли­сте­ри­о­за, од кои пет­те­ми­на по­чи­наа. Про­из­во­дот е од ку­ма­нов­ска­та фир­ма „Ек­стра Ме­ин“ и е нај­ден во ма­ло­про­даж­ба во Ге­вге­ли­ја“, изјави про­фе­со­рот д-р Ѕвон­ко Ми­лен­ко­виќ, пре­тсе­да­тел на Ко­ми­си­ја­та за за­раз­ни бо­ле­сти.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски рече дека по известувањето од Министерството за здравство, инспекторите од Агенцијата ги презеле сите мерки предвидени со Законот во овој случај и наредено е веднаш повлекување на сите производи од овие лотови од малопродажбата.

„Тоа е веќе завршено. Се работи за лот произведен на 21 јули со рок на траење до 4 септември. Значи сето она што е во малопродажбата веќе се повлекува. До вечер ќе биде завршено повлекувањето од малопродажбата. Во исто време согласно Законот наредено е сопирање на производството за да може да се земат мостри од работните површини, од машините, од сите оние делови каде што евентуално може да се најде листеријата за да се изврши споредување со изолатите земени од кај луѓето“, потенцира Рунтевски.

Исто така, појасни, наредено е земање мостри и на сите производи кои одат на пазарот.

„Иако се работи за производ кој е произведен во средината на јули односно по избивањето на сите овие случаи, генотипизацијата која ја добивме од страна на Факултетот за ветеринарна медицина дава одредена насока во која треба да се насочи натамошната истрага за да се утврди изворот на бактеријата. Според она што го имаме како апаратура, како инструменти и како стручен кадар сметам дека Република Македонија има капацитет да ја заврши работата“, рече Рунтевски.

Додаде дека согласно Законот за безбедност на храна, доколку операторот пушта во промет небезбеден производ, казните се 8.000 евра за правното лице и 2.500 евра за одговорното лице во правното лице доколку свесно пуштаат небезбедни производи во промет.