/ Прочитано:

3.605

Локални избори 2017: Петре Шилегов во водство пред Коце Трајановски

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов, води со 50,26 проценти, наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, кој доби поддршка од граѓаните од 35,89 проценти. Според нецелосните резултати, за Шилегов гласале 133 264 избирачи, а Трајановски добил поддршка од 95 155 граѓани со право на глас. Инаку, кандидатите за градоначалници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија водат во 50 општини, покажуваат резултатите од досега обработените 98,22 проценти од избирачките места или 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места.

Според првите, но нецелосно обработени резултати што Државната изборна комисија ги објави на својата веб-страница кандидатот за градоначалник на СДСМ за Град Скопје, Петре Шилегов, води со  50,26 проценти, наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, кој доби поддршка од граѓаните од 35,89 проценти. Според нецелосните резултати, за Шилегов гласале 133 264 избирачи, а Трајановски добил поддршка од 95 155 граѓани со право на глас.

Инаку, кандидатите за градоначалници на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија водат во 50 општини, покажуваат резултатите од досега обработените 98,22 проценти од избирачките места или 3.418 од вкупно 3.480 избирачки места.

Податоците од Државната изборна комисија (ДИК) покажуваат дека кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ водат во девет општини, ДУИ извојува победа во 12, додека кандидатите за градоначалници на девет други партии, коалиции и група избирачи водат во другите 18 општини.

Победа од скопските општини, СДСМ има во Ѓорче Петров со 53,71 и во Карпош со 58,08, додека во Аеродром води со 51,58 пред ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 43,87, во Бутел со 49,34, во Гази Баба со 47,70 пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,91, во Кисела Вода со 49,36 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,56. Во Општина Центар досега се обработени 89,74 проценти од гласовите, а според податоците од ДИК води кандидатот на СДСМ со 63,56 наспроти кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со 28,61 проценти.

Во Сарај води кандидатот за градоначалник на ДУИ со 48,24 и во Чаир со 39,14 проценти.

Во другите општини, СДСМ има победа во првиот изборен круг во Арачиново, со освоени 57,81 процент, во Берово со 60,96 проценти, Битола со 59,77 проценти, Богданци со 55,37 проценти, Босилово со 53,80 проценти, Валандово со 55,31, Василево со 52,52, Вевчани со 53,15, Велес 53,51,  Гевгелија со 54,55, Дебарца со 56,70, Делчево со 51,83, Демир Хисар со  55,43, Дојран со 58,19, Зелениково со 59,22 процента, Конче со 55,23 проценти, Кочани – 55,80, Кратово -57,11, Крива Паланка – 58,01, Кривогаштани – 53,90, Крушево – 60,63, Куманово – 52,53, Лозово – 55,18, Маврово Ростуше – 55,85, Ново Село – 52,13, Охрид – 54,07, Пехчево со 52,65, Прилеп со 51,07, Радовиш со 50,13, Ресен со 55,03, Свети Николе со 50,17 и Струмица со 59,45.

Во Виница во благо водство со 48,64 е кандидатот на СДСМ пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ кој има освоено 46,16 проценти,  во Градско води СДСМ со 42,01 проценти пред ВМРО-ДПМНЕ со 35,23, во Демир Капија во водство е СДСМ со 49,48 наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 46,97 проценти, во Јегуновце СДСМ има 41,90 пред ВМРО-ДПМНЕ со 31,36, во Карбинци води СДСМ со 48,17 проценти, во Македонска Каменица исто така СДСМ со 49,32  пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,96, во Македонски Брод со 49,17 пред ВМРО-ДПМНЕ со 29,26, во Неготино со 51,44  пред ВМРО-ДПМНЕ со 44,86, Росоман со 49,35 пред ВМРО-ДПМНЕ со 45,78, Старо Нагоричане со 46,43 и во Чашка со 49,29 проценти.

ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во Илинден со 57,34 проценти, Петровец со 62,05, Сопиште со 50,78, а води во Штип со 48,10 проценти, Брвеница со 25,42 процента, во Зрновци со 48,50, во Кавадарци со 49,36 проценти, во Новаци со 44,96, во Пробиштип со 46,49, во Чешиново Облешево 47,48.

ДУИ освои градоначалнички мандати во Кичево со 60,36 проценти и во Пласница со 59,12, а води во Тетово со 33,18, Боговиње со 33,99 проценти, Сарај со 48,24, Врапчиште со 35,06 проценти, Гостивар со 35,55 проценти, Дебар со 39,93, Долнени со 34,06 проценти, Желино со 43,90 проценти, Липково со 48,97, Теарце со 29,86.

Во Струга во водство е Зијадин Села од Алијанса за Албанците, со 30,24 проценти.

Во Могила во водство е Стево Пивковски, кандидат на група избирачи, кој има освоено 38,06 проценти од гласовите.

Во Ранковце победник е Ивица Тошевски, кандидат на група избирачи, во Центар Жупа победа има Демократската партија на Турците, во Чучер Сандево кандидатот на група избирачи Јован Пејковски.

ДПА, пак, води во Студеничани со 34,62.

А. Б.