/ Прочитано:

695

Македонската економија под лупата на ММФ

Понеделник, 29 јуни 2015 – Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од Џесмин Рахман, од денеска до 8 јули ќе престојува во Скопје со цел спроведување на Годишниот преглед на македонската економија.

Како што соопшти ММФ, тимот ќе ги соопшти прелиминарните оценки на крајот од мисијата и ќе го подготви целосниот извештај, за кој ќе се дискутира на состанок на Извршниот одбор на ММФ, чиј датум ќе биде објавен дополнително.

Посетата на тимот на ММФ е дел од редовните активности на Меѓународниот фонд за следење на состојбите со економијата што се вршат во сите 188 земји-членки