/ Прочитано:

1.215

Меморандум за соработка меѓу Министерството за правда и Универзитетот на Југоисточна Европа

„Процесот што го финализираме сега започна уште додека министер за правда беше професорот од УЈИЕ Аднан Јашари и, еве, сега јас го потпишувам како поранешен студент тука. На овој начин Министерството ќе им излезе во пресрет на сите студенти заинтересирани да го полагаат правосудниот испит со нашите експерти кои ќе им помогнат со успех да го положат овој испит како важен дел од нивната понатамошна кариера по завршувањето на факултетот“, изјави Џафери.

Меморандум за соработка Министерство за правда и ЈИЕ

Министерот за правда, Валдет Џафери, и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Замир Дика, потпишаа меморандум за соработка. Со него се овозможува стручни кадри од Министерството да им дадат соодветна помош на студентите од Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа кои сакаат да полагаат правосуден испит.

„Процесот што го финализираме сега започна уште додека министер за правда беше професорот од УЈИЕ Аднан Јашари и, еве, сега јас го потпишувам како поранешен студент тука. На овој начин Министерството ќе им излезе во пресрет на сите студенти заинтересирани да го полагаат правосудниот испит со нашите експерти кои ќе им помогнат со успех да го положат овој испит како важен дел од нивната понатамошна кариера по завршувањето на факултетот“, изјави Џафери.

За ректорот на УЈИЕ Дика потпишаниот меморандум е само продолжение на добрата соработка на двете институции.

„Имам големо задоволство да соработувам со нашиот поранешен студент, сега министер за правда, Валдет Џафери кој сега е во позиција да придонесе во овој важен сектор од општественото живеење со знаењата и компетенциите што ги стекнал за време на школувањето на УЈИЕ. Можноста за полагање на правосудниот испит за време на студирањето е и продолжување на нашиот правец за практично применување на знаењата што нашите студенти ги стекнуваа за време на нивните студии, така што подготвени излегуваат на пазарот на трудот“, рече Дика.