/ Прочитано:

2.807

СУДЕЊЕ „Метастаза“: Адвокатите сметаат дека доказите на обвинителството се неосновани

Петок, 4 мај 2012 – Иако денеска рочиштето стартуваше со завршните зборови на бранителите, после првата пауза финишираше од безбедносни причини, односно поради најавените протести пред судот по повод апсењето на осомничените во акцијата Монструм“. Адвокатите стојат на тоа дека доказите на обвинителството се неосновани.

Првообвинетиот Сашо Јосимовски

Според обвинението за предметот за случајот Метастаза, околу  30 доктори и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се обвинети дека создале злосторничка група и ја злоупотребиле својата функција со цел примање на мито при издавање на инвалидски пензии.

>> Предметот за случајот „Метастаза“ проследете го тука.


Тек на рочиштето

12:47 – Иако одбраната требаше да продолжи со давање на завршните зборови, протестите пред Основниот суд Скопје 1 по повод апсењето на осомничените во акцијата Монструм ги расипаа плановите. Рочиштето е одложено за 07.05.12 г. во 09:30 ч.


12:15 – Пауза до 12:45.


11:45 – Бранителот на 20-то обвинетиот Дарко Бакрачевски, Богољуб Софрониевски го негираше обвинението дека неговиот клиент бил дел од злосторничка група. – Нема елементарна свест и волја, ниту умисла за пристапување кон група, наведе тој и побара ослободителна пресуда за обвинетиот.

11:20 – По Тортевски, следуваа завршните зборови на Никола Поленак, бранителот на Јовица Мацура, Љубе Глигоровски и Ѕвонко Алтановски. – Доколку Ѕвонко знаел толку доктори што не си обезбедил за себе инвалидска пензија? Праша Поленак. Потсетуваме дека според обвинителниот акт Ѕвонко Атлановски се сомничи дека би посредник. Според Поленак, ЈО нема докази од кои се гледа дека обвинетите се здобиле со некаква имотна корист.

1o:34 – За обвинетиот Горан Николовски, бранителот Тортевски праша со каква корист се придобил Пиперкоски, ако со медицинската документација која тој ја издал сведокот не успеал да добиде инвалидска пензија. За сведочењето на загрозениот сведок кој рече дека одел кај Пиперкоси на дежурство, Тортевски рече дека ако се провери евиденцијата ќе се видело дека Пиперкоски воопшто не дежурал.

10:00 – Рочиштето стартуваше со завршните зборови на бранителот Александар Тортевски, бранителот на обвинетите Тодор Пиперковски и Горан Николовски.

Во врска со обвинетиот Николовски, Тортевски наведе дека обвинетиот бил во притвор 1 година, за 11 месеци имал само 9 телефонски разговори со обвинетата Љубица, а го имал меморирано само телефонскиот број на обвинетиот Дамјановски. Овие докази на ЈО, според Тортевски укажуваат дека неговиот клиент не бил припадник на злосторничка група.