/ Прочитано:

1.165

МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА: Судиите чии брачни другари се испратени во дипломатија може да „мируваат“

Вторник, 23 септември 2014 – Во Законот за судовите постои правна празнина за мирување на функцијата судија на оние судии на кои брачниот другар бил упатен во дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија, во меѓународна владина организација или меѓународен суд, велат од Министесртвото за правда.

Од тие причини, како што образложуваат од таму, се наметнува потребата од дополнување на Законот за судовите. Министерството за правда веќе подготвило изменување и дополнување на Законот за судовите и оваа „правна празнина“ ќе ја пополни со одредба  која гласи:

„(1) Ако брачен другар на судијата е упатен на работа во дипломатско конзуларно претставништво на Република Македонија, во меѓународна владина организација или меѓународен суд, по негово барање може да му мирува судиската функција за времето додека неговиот брачен другар ја врши должноста на која е упатен.

(2) По истекот на мандатот за кој е упатен, избран или именуван брачниот другар на судијата во институциите од ставот (1) на овој член, судијата има право да се врати во судот во кој бил избран.“

(M.В)