/Прочитано:

177

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР го започна процесот на набљудување за локалните избори 2017

Амбасадорката Одри Гловер, шеф на Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, посочи дека 16 нејзини експерти веќе се наоѓаат во Македонија. Неделава ним ќе им се придружат уште 20 среднорочни набљудувачи, а пред изборите уште 300 краткорочни, кои ќе бидат распоредени низ целата земја.

„Важно е да се разбере дека ние само ги набљудуваме изборите и оти не се мешаме во процесот, за што известуваме“, рече Гловер.

Ова се 16. избори што Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР ги набљудува во Македонија.