/ Прочитано:

1.050

Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави конкурс за есеи за „Улогата на ОБСЕ во светот денеска“

Четврток, 22 јануари 2015 – Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави конкурс за есеи за „Улогата на ОБСЕ во светот денеска,“ како дел од серијата активности за одбележување на 40-годишнината од Хелсиншкиот акт.

Во 2015 година, Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) ќе одбележи 40 години од потпишувањето на Хелсиншкиот финален акт. Оваа годишнина претставува убава можност да се потсетиме на заложбите на земјите членки закреирање сеопфатна безбедност и надминување на предизвиците на 21 век.

По тој повод, Мисијата на ОБСЕ во Скопје објави конкурс за есеи за „Улогата на ОБСЕ во светот денеска,“ како дел од серијата активности за одбележување на 40-годишнината од Хелсиншкиот акт.

Сите студенти на додипломски или постдипломски студии (запишани на еден од универзитетите во државата) можат да учествуваат на конкурсот. Авторите на најдобрите три есеи ќе бидат наградени со студиско патување во Виена и посета на седиштето на ОБСЕ. Сите останати детали ќе ги најдете во документот кој e во прилог.

>>>Детали за конкурсот