/ Прочитано:

844

МНР: Го намиривме долгот во ОН

Четврток, 29 јануари 2015 – По објавата дека Македонија го изгубила правото на глас во Обединетите нации поради неплатен долг, Министерството за надворешни работи излезе со информација дека долгот е намирен.

„Имавме две недели рок да платиме. Во однос на плаќањето на членарината кон ОН, неопходниот износ е намирен и тоа во скоро ќе биде нотирано во ОН“, велат од МНР.

Информацијата за заостанат долг на Македонија, од 24.606 американски долари, ОН ја објавија на својата веб-страница, и поради тоа земјава останала без право на глас во организацијата.

Покрај Македонија, во листата се наведени Коморските Острови, Гренада, Гвинеја Бисао, Киргистан, Либерија, Маршалските Острови, Руанда, Сао Томе и Принципе, Сомалија, Тонго, Вануату и Јемен.