/ Прочитано:

1.158

„Монструм“ далеку од завршница — освен екстрадицијата, извесно е дека и Сами Љута ќе го врати судењето на почеток

Вторник, 3 септември 2013 – Утре продолжува судската постапка против обвинетите во „Монструм“, но без Сами Љута, последниот уапсен за велигденскиот масакар кај Смилковци, и без двајцата првообвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се на Косово. Далеку е крајот  на судската постапка со оглед на тоа што евентуалното спојување на Љута со предметот, како и екстрадицијата на останатите обвинети, ќе го вратат процесот на самиот почеток. 

Сами Љута, во моментов издржува 30-дневен притвор под сомнение дека чувал стража додека останатите обвинети ги ликвидирале 5-те недолжни рибари кај Смилковското езеро. Од Oбвинителството за Академик појаснуваат дека откако ќе заврши истражната постапка, доколку има услови за спојување, Љута ќе биде дел од сегашниот предмет „Монструм“ кој е во тек, па со тоа судската постапка ќе почне од почеток. 

Иста ситуација ќе настане во моментот кога првообвинетите ќе бидат екстрадирани во земјава. Со нивно присуство, судскиот процес повторно ќе стартува со распит на обвинети.

Пред неполни два месеци, Косовскиот суд ги изрече пресудите против Алил Демири и Африм Исмаиловиќ за нелегално поседување на оружје. Демири со првостепената пресуда, која обвинетите ја обжалија, доби две години во затвор во Косово, додека  Исмаиловиќ две и пол. И покрај упорните барање за итна екстрадиција од страна на надлежните во земјава, сепак остана дилемата дали Демири и Исмаиловиќ ќе треба да ги одлежат казните во Косово, па потоа да ѝ бидат испорачани на Македонија.

Предметот моментно се наоѓа во доказна постапка, на утрешното рочиште ќе зборува мајката на обвинетиот Сејди Рами на околност каде се наоѓал тој, дента на убиството.

(П.Б)