/ Прочитано:

1.696

На кој начин работните апликации можат да ја подобрат правната пракса

Апликацијата Квип (Quip), лансирана во 2013 година, креирана од поранешни извршни директори на „Фејсбук“ и „Гугл“, а неодамна купена од компанијата „Селсфорс“ за 750 милиони долари се смета за апликација која го пополнила јазот кој постоел со сите претходно креирани апликации за работа. Убавиот изглед, едноставноста во користењето, можноста за разговор преку неа, развивањето на соработката и организацијата, се голема предност на оваа алатка. Според аналитичарите, оваа апликација ги надминала останатите алатки на Мајкрософт, како што се Гугл драјв, Мајкрософт офис 365, потоа Скајп и Еверноут, кога станува збор за комплетното канцелариско работење, вклучително и во адвокатурата.

Апликација куип

Адвокатот Даниел Голд, кој истовремено работи и како автор на книги од областа на продуктивноста во работењето, во колумната неодамна објавена на веб-страницата attorneyatwork.com, објаснува како апликациите можат да ја подобрат ефикасноста во работата во канцелариите и во адвокатурата. Конкретно, Голд ја презентира апликацијата Квип (Quip), лансирана во 2013 година,  креирана од поранешни извршни директори на „Фејсбук“ и „Гугл“, а неодамна купена од компанијата „Селсфорс“ за 750 милиони долари. За оваа апликација се смета дека го пополнила јазот кој постоел со сите претходно креирани апликации за работа. Убавиот изглед, едноставноста во користењето, можноста за разговор преку неа, развивањето на соработката и организацијата, се голема предност на оваа алатка.

Според аналитичарите, оваа апликација ги надминала останатите алатки на Мајкрософт, како што се Гугл драјв, Мајкрософт офис 365, потоа Скајп и Еверноут, кога станува збор за комплетното канцелариско работење, вклучително и во адвокатурата.

Во адвокатската канцеларија на Даниел Голд, апликацијата Квип се користи 6 месеци и веќе се чувствува зголемувањето на ефикасноста. Апликацијата придонела за полесно креирање документи, за нивна размена помеѓу вработените и за подобрување на продуктивноста при одржување на неделните состаноци на адвокатите.

Новитет во оваа апликација е користењето на знакот „@”. Преку него корисниците можат да прикачат некој документ и електронски да го испратат до друг колега во канцеларијата. Едноставноста на Квип се гледа и во тоа што преку знакот „@” можат да се прикачуваат слики, да се креираат табели, да се внесуваат хиперлинкови и повеќе документи можат да се поврзат меѓу себе.

Исто така, со апликацијата се прави подобра прегледност на работата во адвокатската канцеларија, кога станува збор за предметите, документите и обрасците кои обично се чуваат во папки кои зафаќаат место во канцеларијата и не ѝ даваат добар изглед на канцеларијата.

Апликацијата Квип овозможува и подобро организирање на состаноците и конференциските врски во канцеларијата. Тоа значи дека во исто време преку една апликација можат да се вршат повеќе работи истовремено – размена на информации, внесување документи и видеоврска.

Креаторите на Квип статистички го пресметале времето што се губи при работа без апликацијата. 10 % од вработените трошат време за да најдат некој документ, 2 % – да пратат  имејл, 8 % – да прикачат документ и 11 % – да направат измени на документот.

За крај, според адвокатот Голд, оваа апликација овозможува креирање на сопствени папки за секој од вработените кои ќе можат по електронски пат да ги препраќаат своите документи, да комуницираат со клиентите и со другите адвокати во канцеларијата, и со тоа ќе заштедат повеќе време, а нивната работа ќе биде побрза и поекономична за канцеларијата.