/ Прочитано:

798

Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес

Македонското здружение на млади правници одржа конференција на тема „Нерегуларната миграција како еден од предизвиците на Македонија денес”.

foto akademik

На конференцијата се говореше за  темите поврзани со справувањето со миграциските движења во Република Македонија и за идните предизвици во однос на тоа прашање, како и за меѓународниот одговор во справувањето со миграциските движења во Република Македонија и за улогата на граѓанските организации во справувањето со миграциските движења.

Во периодот од 1 јануари 2015 година до крајот на јуни 2016 година низ територијата на Република Македонија транзитирале близу 800 000 мигранти, што е повеќе од една третина од бројот на жители на Република Македонија, говорат податоците на Министерството за внатрешни работи.

akad 2

„Справувањето со оваа состојба беше, без сомнение, еден од најголемите предизвици во последниот период. Се работеше за категорија на лица кои воопшто не сакаа да се задржуваат на територијата на државата, туку во што пократок рок да транзитираат низ неа, и секое нивно подолго задржување значеше и предуслов за немири и  нарушување на јавниот ред и мир. Во такви услови, од една страна, требаше да се обезбеди ефикасна контрола на границите и контрола на мигрантите што транзитираа низ државата, а од друга страна да се заштити животот и здравјето на овие лица“, истакна министерот Оливер Спасовски на конференцијата.

Во таа насока, Спасовски ја потенцираше и поддршката на голем број држави од Европската Унија кои преку донации и со испраќање на свои полициски службеници во Македонија помогнаа во справувањето со овој проблем.

akademik foto

„Од 21 декември 2015 година до денес, во обезбедувањето на нашата јужна граница учествуваат и полициски службеници од Австрија, Чешка, Полска, Унгарија, Хрватска, Словенија, Србија, Словачка… Од март 2016 година трошоците за нивниот престој ги покрива Европската Унија преку проект имплементиран од Интернационалната организација за миграции. Во моментов на јужната граница се распоредени 166 странски полициски службеници. Состојбата на јужната граница сега е значително поразлична од онаа во 2015 или првите три месеци од 2016 година, но кризата е далеку од завршена. Во просек дневно се спречуваат и до 100 обиди за илегален влез во Република Македонија, иако во последните две недели оваа појава бележи тренд на намалување“, рече министерот Спасовски.

М.В