/ Прочитано:

915

Од 1 ноември објавување загубени документи само на шалтер на „Службен весник“ во МКЦ

Четврток, 30 октомври 2014 – Од 1 ноември годинава доставувањето барање за огласување загубени лични документи ќе може да се направи само на шалтерот за објавување во „Службен весник на РМ“ во Младинскиот културен центар (МКЦ) на кеј „Димитар Влахов“ бб, веднаш до зградата на МРТВ.

„Шалтерот на ЈП „Службен весник“ на Република Македонија, кој досега беше лоциран во рамките на просториите на дирекцијата, во деловниот објект „Буњаковец“,  од 1 ноември 2014 година  нема повеќе да биде во функција  за потребите на граѓаните и правните лица“, соопштија денеска од „Службен весник на РМ“.

Оттаму, појаснуваат дека ова решение е резултат на спроведување и примена на последните технолошки капацитети во своето работење.