/ Прочитано:

2.068

Од денеска во продажба и едномесечен зелен картон

Петок, 19 јуни 2016 – Денеска и официјално стартува во употреба едномесечниот зелен картон за патување во странство.

„Едномесечниот зелен картон за патнички возила до 66 киловати чини 30 евра, додека за тие што имаат патнички возила над 66 киловати, зелениот картон чини 50 евра“, објави Националното биро за осигурување. Можноста за купување едномесечен зелен картон ја најави премиерот Никола Груевски минатата недела. Зелениот картон за една година за возила до 66 киловати чини околу 60 евра, а 90 евра за возила над 66 киловати.