/ Прочитано:

1.007

ОДЛУКА НА ЕСЧП ВО ПРЕДМЕТОТ КИРИЛ КОЧЕВСКИ ПРОТИВ РМ: Жалбените наводи се неосновани

Денеска од страна на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) беше објавена Одлуката која на 24 мај 2016 година ја донесе Советот на ЕСЧП, а во врска со апликацијата која во 2010 година била поднесена од Кирил Кочевски. ЕСЧП цени дека не може да се утврди постоење на субјективна ниту на објективна пристрасност на судечкиот судија во постапувањето по овој предмет.

akad 2

Во својата апликација апликантот изнел жалбени наводи по членот 6 од Европската конвенција за човекови права, со кој се гарантира правото на правично судење, кои се однесуваат на наводна пристрасност на судијата кој претседавал со кривичниот совет на првостепениот суд кој во 2007 година го огласил за виновен за злоупотреба на службена положба и овластување во времето додека бил именуван како стечаен управник на „Славија“ како претпријатие во општествена сопственост, како и во однос на негова наводна неможност ефективно да учествува во спорната постапка.

„По детална анализа на фактите и околностите на предметот, како и на сите жалбени наводи на апликантот, ЕСЧП оценил дека не може да се утврди постоење на субјективна ниту на објективна пристрасност на судечкиот судија во постапувањето по овој предмет. Истовремено, ЕСЧП проценил дека од придадените околности на случајот произлегува дека жалбениот навод дека апликантот немал ефективна можност да учествува во постапката бил недоволно поткрепен пред домашните судови. Врз основа на ваквите констатации, ЕСЧП во својата Одлука заклучил дека жалбените наводи на апликантот биле очигледно неосновани и од тие причини целата апликација ја прогласил за недопуштена, притоа не наоѓајќи повреда на Европската конвенција за човекови права од страна на Република Македонија“, вели директорот на Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП и владин агент м-р Костадин Богданов.

M.В