Академик ДООЕЛ – Скопје објавува оглас за вработување
Академик ДООЕЛ – Скопје има потреба од работник:
Менаџер за организирање на обуки, конференции и други настани
Опис на работно место:
- Организирање на обуки, конференции и други настани (концепт, организација, комуникација со обучувачи, продажба и промоција на настанот)
- Писмена евиденција за сите активности во врска со организирањето на обуката, конференцијата, настанот
- Известување – континуирано известување (писмени извештаи) до претпоставените
- Комуникација и соработка со колеги од другите сектори и со надворешни субјекти
Потребни квалификации:
- Образование: високо образование (предност ќе им биде дадена на кандидатите со завршен правен факултет)
- Познавање на англиски јазик (високо ниво)
- Познавање на работа со компјутери (ниво на активен корисник на MS Office)
- Познавање на работа со социјални медиуми
- Одлични организациски способности
Од личноста бараме да биде и:
- Ведра и позитивна
- Исполнителна
- Одговорна
- Чесна
- Проактивна
- Организирана
- Комуникативна
- Тимски работник!
Ние нудиме:
- Одлична атмосфера за работа
- Модерни простории во центарот на градот
- Вработување на неопределено време
- Почетна нето плата од 15.000 денари
Сите заинтересирани можат да испратат, кратка биографија и мотивационо писмо на: akademik@akademik.com.mk.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ве молиме без телефонски јавувања.