/Прочитано:

1.089

Академик објавува оглас за продавач на правни производи

Опис на работното место продавач на правни производи:

  • организирање продажба на различни правни производи (стратегија за продажба, продажба и промоција на производи, одредување целни групи за продажба, организирање кампањи за продажба, комуникација со клиенти);
  • писмена евиденција за сите активности во врска со продажбата;
  • континуирано усно и писмено известување до претпоставените;
  • комуникација и соработка со колеги од другите сектори и со надворешни субјекти;
  • работа со база на податоци.

Потребни квалификации:

  • образование: високо образование (предност ќе им биде дадена на кандидатите со завршен правен факултет);
  • познавање на англиски јазик (високо ниво);
  • познавање на работа со компјутери (ниво на активен корисник на MS Office);
  • познавање на работа со социјални медиуми;
  • одлични организациски способности.

Од личноста бараме да биде и:

  • ведра и позитивна;
  • исполнителна;
  • одговорна;
  • чесна;
  • проактивна;
  • организирана;
  • комуникативна;
  • тимски работник!

Ние нудиме:

  • одлична атмосфера за работа;
  • модерни простории во центарот на градот;
  • вработување на неопределено време (по успешно поминат 6-месечен пробен период);
  • почетна нето плата во пробниот период од 15.000 денари;
  • можност за напредување во рамки на компанијата.

Сите заинтересирани можат да испратат кратка биографија и мотивацискописмо на: akademik@akademik.com.mk.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ве молиме без телефонски јавувања.