/ Прочитано:

832

Охридската локална самоуправа не се согласува со најавите за одредени измени на Законот за угостителска дејност

Четврток, 25 септември 2014 – Најавите за измени на Законот за угостителска дејност што предвидуваат забрана за вршење дејност издавање станови и апартмани на туристи од страна на физички лица, предизвика реакции кај приватните станоиздавачи во Охрид, но и забелешки кај надлежните служби во општината под чии ингеренции е токму туристичката дејност, пишува МИА.

Неодамна од страна на претставници на ХОТАМ, како предлагач на измените во Законот, беше посочено дека со новите измени во Законот за угостителска дејност, поточно со анекс на членот 46.а на физички лица не им се дозоволува да вршат угостителска дејност во колективни згради односно не можат да издаваат станови и апартмани во истите. 

Претседателот на ХОТАМ, Дончо Танески, изјави дека измените не се новина, туку и досега беа содржани во некои членови од Законот, но истите не се почитуваа.

„Тоа беше речено во некои членови од Законот, а во некои беше пропуштено и имаше двојно толкување. Сега само се додефинира Законот. На почетокот од Законот во некои членови стои дека угостителска дејност не може да се врши во колективни станбени згради. Законот го прави Министерството за економија, а го спроведуваат локалните самоуправи. Воедно и со Законот за градба во колективни станбени згради не може да се обавува ваква дејност. За да се обавува дејност треба деловен простор, а зборуваме за колективни станбени згради каде просторот е станбен. Заради таквите недоследности покренавме иницијатива да се прецизираат работите“, појасни Танески.

Од локалната самоуправа во Охрид информираат дека освен написите и изјави во медиумите официјално до нив не стигнал никаков документ со кој би биле информирани за планирани иницирани промени во Законот за угостителска дејност.

– Во документот што го побаравме од Министерството за економија има повеќе предлози за измени на Законот, но најмногу нас и приватните станозидавачи не интригира интервенцијата односно предлог-измената во членот 46 со кој се предлага нов член 46-А со кој на физички лица не им се дозоволува да вршат угостителска дејност во колективни згради односно не можат да издаваат станови и апартмани во истите“, изјави Ѓоко Апостолоски, раководител на Секторот за економски и локален туристички развој.

Според образложението на предвидените измени, интенција е со нив да се овоможи намалување на сивата економија односно појавите на издавање станови и апартмани од страна диви станоздавачи, односно издавање станови и апартмани во колективни станбени згради.

Во Охрид денеска е остварена средба на дел од станоиздавачите со надлежните општински власти, посветена токму на тоа прашање.

„После консултациите со надлежните служби во општината, овие ставки се целосно невистините, односно неосновани. Во вој момент во Охрид има 430 станооздавачи со вкупно 1.198 легла. Најголемиот дел од нив ги подмируваат обврските преку плаќање на туристичка такса, што ја остваруваат согласно реализирањите ноќевања, а во консултација до УЈП е потврдено дека сите они кои остваруваат приходи по таа ставка поднесуваат и годишна даночна пријава“, појасни Апостолов.

Тој нагласи дека во документот за предложените измени не е појаснето дали забраната ќе се однесува за сите физички лица сопственици на стабнови и апартмани односно за регистрираните станоиздавачи или оние кои не се пријавуваат, а вршат угостителска дејност. Потецира дека во општина Охрид има над 4.500 станови, од кои сигурно има неколку што се занимаваат со угостителска дејност, а не плаќаат ниту туристичка такса, ниту годишен персонален данок. Оттаму, тој најави дека општина Охрид ќе ги поддржи измените на Законот, доколку се однесуваат на дивите станоиздавачи.

„Помалку апсурдно е да не им се дозолува на физичките лица да вршат угостителска дејност, оттаму што најголемиот дел од нив редосно ги подмируваат давачките кон државата, така што не може да стане збор за сива економија. Доколку се реализира Законот, а сите останат брз право да работат, најголем дел од нив ќе продолжат да работат на диво, така што само ќе се  поттикне сивата еконија од една страна, а од друга страна дел од граѓаните ќе останат без средства за егзистенција, општината ќе остане скратена за средствата што ги обезбедува преку собирање туристичка такса“, рече Апостолов.

Тој притоа укажа и на спротивноста на таквите одредби со кои ќе се намали и квалитетот на туристичката понуда на Охрид, преку укинување на 1.200 легла, а сето тое спротивно на интенциите на локалната самоуправа за поттикување и развој на туризмот.

Апостолов нагласи дека во тек се консултации со градоначалникот и со службите, на што ќе биде изготвена и соодветна реакција адресирана до ресорното Министерство за економија.

Извор: МИА