/ Прочитано:

1.334

Определени мерки за обезбедување присуство за петмина приведени од Економскиот факултет

Како што информираше министерот за внатрешни работи Митко Чавков, лицата се осомничени за повеќе кривични дела: примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање поткуп.

Судница 1 Основен суд Скопје 1

Судија на претходна постапка попладнево на петмина приведени од Економскиот факултет во рамки на акцијата „Еразмус“ им определил мерки за обезбедување присуство односно привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање, и обврска на осомничениот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган.

Две години била следена групата од шестмина професори, еден демонстратор и сопственикот на бифето на Економскиот факултет во Скопје, кои на директен или индиректен начин преку посредници барале поткуп со цел студентите да добијат преодна оценка за положен испит по предметите кои ги предавале осомничените професори.

Како што информираше министерот за внатрешни работи Митко Чавков, лицата се осомничени за повеќе кривични дела: примање поткуп, примање награда за противзаконито влијание и давање поткуп.