/ Прочитано:

1.501

Осомничените во предметот „Тврдина“ денеска на распит пред судија на претходна постапка

Во моментов во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е третообвинета во предметот.

Основен суд Скопје 1

По неколкунеделни преписки помеѓу Основниот суд Скопје 1 и Специјалното јавно обвинителство во врска со мерките што ги предлага СЈО за осомничените во предметот „Тврдина“, денеска во Кривичниот суд треба да започне нивниот распит пред судија на претходна постапка.

Во моментов во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка е поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која е третообвинета во предметот.

Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 Скопје ги укина решенијата на судијата на претходна постапка кој ги оцени како неосновани предлозите на СЈО за определување на мерка притвор за началникот на Петтата управа при МВР, Горан Грујовски, и мерките за претпазливост за останатите четворица осомничени и дополнително ја оспори надлежноста на Специјалното јавно обвинителство за предметот за уништувањето на опремата за прислушување.

Во врска со предметот „Тврдина“, поднесен е предлог за определување мерка притвор против едно лице, како и предлог за определување мерки за претпазливост против четири лица поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело од чл. 353 и 361 од Кривичниот законик.

За предметот „Тврдина“ шефот на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, пред аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов беше во куќен притвор. Распитот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за овој предмет беше прекинат бидејќи му се слоши на судијата на претходна постапка.