/ Прочитано:

952

Отворени денови на Катастарот во Скопје

Понеделник, 23 февруари 2015 – Агенцијата за катастар на недвижности од денеска до петок во периодот од 9.00 до 17.00 часот во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, кој се наоѓа на ул. „Дрезденска“ бб, организира отворени денови за граѓаните од подрачјето на град Скопје.

Од Агенцијата ги повикуваат сите граѓани што имаат какви било нејасности поврзани со Катастарот да дојдат и да се консултираат со вработените во институцијата.

Оттаму информираат дека граѓаните можат да закажуваат термини со стручните тимови секој работен ден од 9.00 до 16.00 часот на телефонските броеви  3097-300 и 3097-337.