/ Прочитано:

787

Пензијата на дедо и баба – носечки економски столб на грчки семејства

Вторник, 15 април 2014 – Речиси секој втор вработен во Грција наместо да работи седи дома или пак не зема никаква плата. За погодените семејства ова има погубни последици. Она што останува се долгови и надежта за подобри денови, пренесува Deutsche Welle.

Грчките граѓани живеат од пензиите на своите родители, како и две третини од грчките семејства. Домаќинства од различни генерации се спојуваат, се готви заедно, за да се заштеди.

Кој има родители на село, може да се смета за привилегиран, бидејќи на тој начин доаѓа до основни прехранбени производи.

„Кај толкав број невработени и не е чудно, според најновите податоци на грчкиот Завод за статистика, дека 35 проценти од граѓаните, живеат под граница на сиромаштија. Повеќе отколку во која било друга членка на ЕУ. Стотици илјади Грци преживуваат од денес за утре. Можеме само да претпоставуваме од што: од заштеда, позајмуваат пари од пријатели или роднини. Но, порано или подоцна доаѓа момент кога ни така веќе не можат да ги плаќаат сметките, без разлика дали се работи за комуналии или хипотека“, вели Манос Мацаганис, професор по економија од Универзитетот во Атина.