/ Прочитано:

956

Петнаесетта обука за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Петок, 3 јули 2015 – Денеска и утре, во хотелот „Стоун бриџ“ во Скопје, со почеток во 12.00 часот, во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL), ќе се одржи петнаесеттата обука за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната.  

„Целта на обуката е целосна подготовка на правосудството за примена на новиот Закон за одредување на видот и одмерување на висината на казната, поточно да се презентираат новите законски решенија, да се дадат практични објаснувања на позначајните законски одредби, да се истакнат спорните ситуации и да се предложат мислења за нивно решавање, како и да се унапредат практичните знаења и вештини на судиите и јавните обвинители, со крајна цел воедначување на казнената политика“, информираат од Академијата.

Утврдената листа на предавачи за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната се од редот на работната група која работеше на изработка на текстот на Законот, и тоа судии и јавни обвинители.

На обуката ќе присуствуваат вкупно 33 учесници и ќе биде спроведена од едукаторскиот тим во чиј состав се: Љиљана Ивановска Шопова, в.д. претседател на Апелациониот суд Скопје и Зуица Наумова, судија на Апелационен суд Скопје.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на обуката се следните:

  • Одмерување на казната
  • Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната
  • Отежителни околности
  • Олеснителни околности
  • Практична примена на прилозите кон Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната
  • Разгледување на случај
  • Вежби (Донесување одлука за кривична санкција со образложение на донесената одлука, презентации на образложението на донесената одлука)