/ Прочитано:

1.007

По неполни две децении, во Хрватска падна првата пресуда против „Љубљанска банка“

Петок, 15 јануари 2013 година – Не помогнаа заканите од Словенија, Општинскиот суд во Загреб донесе пресуда за старите девизни штедења во „Љубљанска банка“ (ЉБ) и нова „Нова Љубљанска банка“ (НЉБ). Во првиот ваков случај, а ги има 30-тина банката мора на Хрватска да и врати 254,76 евра со камата и околу 2000 евра за судски трошоци. Износот е мал, а пресудата не е правосилна, но ова може да значи отворање на нова страница во хрватското правосудство, пишуваат хрватските медиуми. 

Со години хрватските судови одбивале да ги прифатат тужбите против ЉБ и НЉБ, а воопшто не се дискутирало за оваа проблематика.

Имено, тужбите против ЉБ со години паѓале поради технички работи. Станува збор за таканаречени „пренесени заштеди“, односно оние кои заштедата од ЉБ ја пренеле во хрватските банки и истата им е исплатена од хрватскиот буџет.

Министерството за финансии во 1995 година и 2001 година и дало полномошно на „Загребската банка“ да ја тужи ЉБ. Биле покренати околу 3о тужби, но првостепените судови сметале дека полномошното што го дало Министерството за финансии не е валидно според Законот за Влада, односно Владата требала експлицитно да донесе одлука и да и издаде полномошно на „Загребска Банка“. Но, во 2009 година Врховниот суд пресудил дека првостепените судови погрешиле и тужбите биле вратени на почеток.

Но и тоа не помогнало. Подоцна судија од Врховен суд побарал од Владата уште еднаш да се изјасни дали стои позади полномошното. На затворена владина седница е донесен заклучок, но никогаш јавно не е објавено каков заклучок донела Владата. Во Љубљана веќе се појавиле реакции на веста дека заклучокот е донесен без разлика што не се знаело за каков заклучок станува збор. Потоа, Владата го повлекла заклучот, а исто така и судијата од Врховен ја повлекол тужбата против ЉБ.

Но, општинскиот суд во Загреб одлучил поинаку. ЉБ заедно со НЉБ мора солидарно да го враќаат долгот.

Словенија ја услови Хрватска доколку сакаат да биде потпишана ратификацијата за влез на Хрватска на ЕУ дека мораат да ги повлечат тужбите. Хрватска пак стои на ставот дека ќе се повлечат тужбите доколку се најде заедничко решение за ЉБ. Според хрватскиот преговарач и поранешен вицпремиер Здравко Рогиќ повлекувањата на Хрватска би значело подарување 278,8 милиони евра на Словенците.

Неисплатените заштеди на Хрватите се од периодот 1992-1995 година. Преговорите околу долгот што „Љубљанска банка“ треба да и го врати на Хрватска датираат уште при крајот на 1995 година. По неполни 2 децении, без никаков успех со преговорите, општинскиот суд во Загреб ја донесе првата пресуда.

Неодамна, Судот за човекови права во Стразбур пресуди, Србија и Словенија се должни да ги исплатат депозитите на некогашната „Љубљанска банка“, и „Инвест банка“ од Белград, на сите кои имале влогови во нив, без разлика на сегашното државјанство.

>> Стразбур одлучи, Словенија и Србија ќе ги враќаат заштедите во „Љубљанска банка“