/ Прочитано:

955

По одлуката на Апелациониот суд: Тито Петковски од Уставниот суд бара заштита на своите права

Среда, 2 април 2014 – Тито Петковски денеска изјави дека по одлуката на Апелациониот суд од Скопје, кој пресуди тој на премиерот Никола Груевски да му плати отштета од 12.000 евра за изречена клевета, дека поднесол барање за заштита на слободите и правата загарантирани со Уставот на Македонија, повредени со поединечен акт, и бара од уставните судии да донесат решение за запирање на извршувањето на поединечниот акт до донесувањето на конечната одлука. 

Тој вели дека доколку не е задоволен од одлуката на Уставниот суд ќе побара помош од Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

 „Во Македонија, функционер од власта кога тужи за клевета или навреда, очекува да добие премија на лото. Добиваат огромни суми на пари од тужените се разбира ако се од опозицијата или новинари и веќе јавно се фалат каков автомобил ќе си купат или како со туѓу пари ќе станат хуманитарци, демек парите ќе ги подарат во хуманитарни цели. Судиите пак што ги досудуваат овие високи надоместоци, се бранат дека немаат искуство и молат за прошка, но не им паѓа на памет да ја погледнат праксата на Европските судови и Меѓународниот суд за човекови права“ истакнува Петковски.