/ Прочитано:

1.105

Поднесено обвинение против Зoран Божиновски за злосторничко здружување, шпионажа и уцена

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против Зoран Божиновски за злосторничко здружување, шпионажа и уцена, информираа денеска од Обвинителството.

фото
„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција спроведе истражна постапка против лицето З. Б., па по сеопфатно разгледување и анализа на прибраните докази, денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерка притвор поради постоење на основано сомнение дека обвинетиот сторил кривични дела, и тоа: злосторничко здружување од чл. 394 ст. 2, шпионажа од чл. 316 ст. 3 в.в. со чл. 45 и уцена од чл. 259 ст. 2 в.в. ст. 1 в.в. со чл. 19 од Кривичниот законик. За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.4.2016 година“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.