/ Прочитано:

982

Полициска акција во Скопје и Куманово: приведени лица под сомнение за повеќе кривични дела

Четврток, 8 октомври 2015 – Во полициската акција што од утринава се одвива во Скопје и Куманово се уапсени најмалку осум лица, потврдија од Mинистертвото за внатрешни работи. Неофицијално, меѓу приведените има и судија.

Како што информираат од МВР, акцијата се уште трае. Се работи за лица кои биле следени подолг период, а се осомничени за различни кривични дела како: трговија со наркотици, со оружје, криумчарење мигранти и рекет.

Од МВР велат дека повеќе детали ќе соопштат на прес-конференција по завршувањето на акцијата.