/ Прочитано:

729

Полска предлага: Да создадеме Европска енергетска унија заради независност од Русија

Вторник, 22 април 2014 – „Европската Унија мора да создаде енергетска унија за да го обезбеди снабдувањето со гас бидејќи Европа поради сегашната зависност од руска енергија е слаба“, пишува полскиот премиер Доналд Туск во напис објавен во Фајненшл тајмс.

Русија, која обезбедува околу третина од потребите на ЕУ за гас и нафта, со анексијата на црноморскиот полуостров Крим ја предизвика најголемата криза во односите со Западот од завршувањето на Студената војна, смета полскиот премиер, кој посочува дека  преголемата зависност од рускиот гас ја прави Европа слаба.

Според него Европската Унија создавањето на банкарска унија како модел треба да би го да го има и кон рускиот гас, а ќе се реализира преку обединување на интересите.

„Затоа предлагам енергетска унија. Тоа ќе ја врати европската заедница на нејзините корени“, истакнал Туск.

Туск напишал дека во рамки на таквата унија би требало да се основа единствено европско тело кое би купувало гас за целата 28-члена Унија. И дека ЕУ треба да воспостави „механизам на солидарност“ со кој би ѝ се помагало на секоја земја членка која од која било причина би останала без снабдување со гас.

Русија која што обезбедува една третина од потребите на ЕУ за гас  и нафта, предизвика најголема криза во односите со западот по студената војна, поради отцепувањето на полуостровот Крим од Украина, истакнува полскиот премиер.

Туск потсетува дека ЕУ создава банкарска унија и купува ураниум за своите нуклеарни централи, па затоа може да се мисли на истата стратегија за гасот.

„Затоа предлагам енергетска унија. Тоа ќе ја врати европската заедница на нејзините корени“, истакнал Туск и предлага унија со едно  тело коешто ќе купува гас за сите 28 членки на ЕУ, со воспоставен механизам на солидарност  коешто ќе им помагана земјите што од која било причина останале без гас.