/ Прочитано:

912

Пратеникот Трајанов со нов Предлог-закон за измени на законите за СЈО и за заштитени сведоци, но по редовна постапка

Трајанов: Скретената постапка ја елиминира можноста пратениците да дискутираат.

????????????????????????????????????

Пратеникот од Демократскиот сојуз Павле Трајанов ќе поднесе нов Предлог-закон за измени на Законот за Специјалното јавно обвинителство и на Законот за заштитени сведоци по редовна постапка. Вчерашните измени беа поднесени по скратена постапка, а за измените што ги предлага Трајанов прво ќе се расправа во комисиите, а потоа за нив ќе се расправа на пленарна седница во Собранието.

„Денеска ќе предложам измени на двата закона кои вчера не поминаа во Собранието. Сметам дека на овој начин се отвора поголема можност за расправа и за аргументирана дебата меѓу пратениците. Прво ќе се разговара во собраниските комисии, а потоа и на седница на Собранието“, изјави пратеникот Трајанов

Предлозите за измена на овие два закона по скратена постапка вчера не поминаа  во законодавниот дом. Со 36 гласа „за“ и 54 гласа „против“ пратениците не го поддржаа Предлог-законот за изменување на Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, додека со 42 гласа „за“ и со 52 гласа „против“ не помина ниту Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци.