/ Прочитано:

1.287

Предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства (прво читање)

Четврток, 6 септември 2012 – По вчерашната долга дискусија по повод Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, Комисијата за труд и социјална политика денеска ќе продолжи со расправата. Предложеното законско решение од страна на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, предизвика голема поделеност и спротивставеност меѓу пратениците Македонци и Албанци. Целта на Предлог-законот е регулирање на посебните и социјални права, кои согласно член 36 од Уставот им се загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Македонија.

Со Предлог законот опфатени се припадниците на воените и на полициските безбедносни сили кои учествувале во спречувањето на насилно уривање на демократските државни институции во периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година.

Во случај кога се работи за загинати припадници на безбедносните сили, надомест ќе добијат членовите на нивното семејство. Според законот, тие се ослободени од плаќање здравствени услуги во примарна здравствена заштита, а Владата и општините треба да вработат еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили без јавен оглас во државните институции.

Законското решение предвидува и право на станбено згрижување преку станбен кредит во времетраење од 20 години, при што државата ќе покрие половина од одобрениот кредит и 50 проценти од висината на договорната камата. Ако земат стан под закуп, ќе плаќаат 50 проценти помала кирија од онаа што е утврдена со законот. Покрај другите права, законот предвидува семејствата на загинатите припадници да добијат паричен надомест од 50 просечни плати остварени во месецот кога настапила смртта на припадникот, а воени инвалиди ќе добиваат надомест зависно од степенот на инвалидитет од 30 до 150 плати, како и работен стаж со двојно траење за време на конфликтот.

ДУИ оцени дека законот е неприфатлив ако во него не се вметнат и посебните права на борците на ОНА, заканувајќи се со блокада на работата на Собранието и напуштање на Владата. Искажувајќи го политичкиот став на ДУИ, на вчерашната комисиска седница, пратеникот Џевад Адеми упати апел законот да биде повлечен и да се прекине тенденцијата на опасна поделба меѓу Македонците и Албанците.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства (прво читање)

Среда, 5 септември 2012 – Предлог-законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства е на дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика. Законското решение го достави пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, негова цел е регулирање на посебните и социјални права, кои согласно член 36 од Уставот им се загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Македонија.

Со Предлог законот опфатени се припадниците на воените и на полициските безбедносни сили кои учествувале во спречувањето на насилно уривање на демократските државни институции во периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година.

Во случај кога се работи за загинати припадници на безбедносните сили, надомест ќе добијат членовите на нивното семејство. Според законот, тие се ослободени од плаќање здравствени услуги во примарна здравствена заштита, а Владата и општините треба да вработат еден невработен член на семејството на загинат или починат припадник на безбедносните сили без јавен оглас во државните институции.

Законското решение предвидува и право на станбено згрижување преку станбен кредит во времетраење од 20 години, при што државата ќе покрие половина од одобрениот кредит и 50 проценти од висината на договорната камата. Ако земат стан под закуп, ќе плаќаат 50 проценти помала кирија од онаа што е утврдена со законот. Покрај другите права, законот предвидува семејствата на загинатите припадници да добијат паричен надомест од 50 просечни плати остварени во месецот кога настапила смртта на припадникот, а воени инвалиди ќе добиваат надомест зависно од степенот на инвалидитет од 30 до 150 плати, како и работен стаж со двојно траење за време на конфликтот.

ДУИ оцени дека законот е неприфатлив ако во него не се вметнат и посебните права на борците на ОНА, заканувајќи се со блокада на работата на Собранието и напуштање на Владата.