/ Прочитано:

1.049

Предлог-закон за дополнување на Законот за даночна постапка (Собранието го донесе законот)

Среда, 27 јуни 2012 Предлог – закон за дополнување на даночната постапка е на седница на Собранието на РМ. Предлагач е Министерството за финансии. Основна цел на предложеното дополнување на Законот за даночна постапка е допрецизирање на одредбите на законот во однос на можноста да се изврши инспекција во просториите на даночниот обврзник  без негово претходно известување со цел да се обезбеди  информација побарувана од странска даночна администрација.

Исто така, предложеното дополнување на Законот има за цел да доведе до зголемување на бројот на даночни пријави кои се поднесуваат во електронски облик, со што би се зголемила ефикасноста и би се намалиле трошоците за прием, обработка и чување на истите.

Овој закон се применува на даноците, другите јавни приходи, на споредните даночни давачки кои ги управува Управата за јавни приходи, како и на паричните казни, односно глобите и трошоците изречени во парничните, кривичните и управните постапки во корист на Република Македонија .

Со Законот за даночна постапка се уредува општото даночно право, постапката за утврдување на данок, постапката на контрола на данок, постапката на наплата на данок, правата и обврските на даночниот обврзник и други прашања од даночната постапка.

Република Македонија како членка на  Глобалниот форум за транспарентност и размена на информации за даночни цели има склучен договор има склучен договор со Организацијата за економска соработка и развој за размена на информации за даночни цели.