/ Прочитано:

1.014

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии – второ читање (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Четврток, 8 ноември 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на политичките партии е на седница на Собранието. Според предлагачот, Владата на РМ, измените на предложениот закон се во функција на усогласување  со одредбите во Изборниот законик, во делот во кој е уредено финансирањето на изборната кампања. 

Предлагачите наведуваат дека препораките насочени кон  уредување на постапките за да се информираат и обучат политичките партии за нивните обврски за поднесување на финансиски извештаи, произвеле насоки на кои се темелат  измените и дополнувањата, а се мисли на:

  • транспарентност во финансирање на политичките партии и достапност на податоците во регистарот на донации преку јавно објавување;
  • зајакнување на системот на контрола и задолжителен надзор над работењето на политичките партии;
  • воспоставување на правна заштита преку санкции за непостапување и непочитување на законските обврски;
  • рокови за поднесување на финанските извештаи.
Според предлагачот, решенијата предложени во одредбите со кој треба да се измени и дополни Законот за финансирање на политичките партии се во непосредна поврзаност со конечниот извештај на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори во 2011 година. Исто така, измените биле посебно усогласување со препораките на ГРЕКО од последниот Извештај за евалуација на Република Македонија на  темата-Транспарентност на финансирање на политички партии. Меѓудругото на дневен ред на седница на Собрание се и :