/ Прочитано:

1.371

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта ( СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Вторник, 11 декември 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта денеска е на второ читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Измените доаѓаат по иницијатива на Дирекцијата за заштита на личните податоци која при инспекцискиот надзор утврдила дека многу контролори, односно обработувачи ги задржуваат личните карти на граѓаните кои влегуваат во одредени деловни простории, без да е предвидена законска основа за ваквото задржување на личната карта. Заради обезбедување на правична и законска обработка на личните податоци, Министерството за внатрешни работи предлага да се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за личната карта.  

Објаснување на содржината од Предлог-законот

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта се врши измени и дополнувања на Законот за личната карта со цел создавање на нормативни предуслови за правична и законска обработка на личните податоци. Имено, со Законот за личната карта предвидено е дека личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Република Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија, како и дека граѓанинот може да има само една лична карта. Надлежен орган за издавање на лична карта согласно предметниот закон е Министерството за внатрешни работи според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. Личната карта како јавна исправа граѓанинот е должен да ја носи со себе и да ја покаже на барање на службеното лице кое со закон е овластено да легитимира. Со предметниот закон предвидена е законска обврска секој граѓанин со наполнети 18 години живот да има лична карта, како и предвидено е дека не е дозволено давање на лична карта на друг на послуга, односно послуга со туѓа лична карта како со своја.

Давањето на лична карта на друг на послуга, односно, послугата со туѓа лична карта како со своја, преставува прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција.

Дирекцијата за заштита на личните податоци како самостоен и независен орган при вршењето на инспекцискиот надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита, утврдила дека контролорите, односно обработувачите при обработката на личните податоци собираат и чуваат копии од лични карти без да имаат законска основа за тоа, односно ја вршат наведената активност без да се има реална потреба од собирање и чување на копии од лични карти. При извршените инспекциски контроли, овој надлежен орган утврдил дека без законски основ или реално утврдена потреба контролорите, односно обработувачите собираат и чуваат копии од личната карта во работните досиеата при склучување на договори за вработување, при склучување на различни договори, при заверување на исправи и други слични документи.

Исто така, овој надлежен државен орган во постапката на инспекцискиот надзор утврди дека многу контролори, односно обработувачи ги задржуваат личните карти на граѓаните кои влегуваат во одредени службени, односно деловни простории без да е предвиденa законска основа за ваквото задржување на личната карта.

Според Дирекцијата,  ваквата практика е резултат на отсуство на одредба во Законот за личната карта, па од тие причини е доставена иницијатива за измена на овој закон.

Имено, согласно членот 5 став 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05, 103/08, 124/10 и 135/11) предвидено е дека личните податоци се обработуваат правично и согласно закон; се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, како и дека личните податоци се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.

  • Од тие причини со членот 1 од Предлогот на закон се пристапува кон изменување на ставот 2 од членот 9. Имено, со предложените изменувања и дополнувања на законот се забранува задржување на туѓа лична карта по било кој основ.  Со наведената одредба и понатаму не е дозволено давањето на лична карта на друг на послуга, како и послужувањето со туѓа лична карта како со своја.
  • Ново предложениот став 3 на членот 9 од предметниот закон се предлага заради определување на дејствијата кои во смисла на Законот за личната карта се сметаат за зaдржување на туѓа лична карта. Така со предложениот закон се прецизира дека задржување на туѓа лична карта ги опфаќа дејствијата со кои од страна на службени лица кои со закон се овластени да вршат легитимирање или било кое друго овластено лице, се чува туѓата лична карта, односно се држи подолго од времето потребно за утврдување на идентитетот на граѓанинот без негово непосредно присуство, како и секое дејствие со кое на граѓанинот му се оневозможува личната карта да ја носи со себе.
  • Со предложените изменувања и дополнувања на Законот за личната карта се предлага и нов член 9-а, со кој предвидено е дека контролорите, односно обработувачите на збирките на личните податоци, можат да ја копираат личната карта само во случаи утврдени со закон. Со ставот 2 од членот 9-а предвидена е можност за копирање на личната карта од страна на нотарите, контролорите и обработувачите. Оваа можност е предвидена за нотарите при утврдување на идентитетот и субјективитетот на учесниците во постапките кои се водат согласно закон. Со истиот став на овој член предвидена е можност за копирање на личната карта од страна на контролорот, односно обработувачот на збирките на лични податоци само во случаи утврдени со закон. Со ставот 3 од истиот член предвидена е законска можност за копирање на личната карта за остварување на однапред утврдена цел, а врз основа на претходна изречена согласност на сопственикот на личната карта. Со предложените изменувања и дополнувања на законот се предлага копијата на личната карта соодветно да се означи дека не може да се користи за друга цел освен за целта за која е направена. Со ставот 4 од членот 9-а предвидено е дека натамошното копирање, односно умножување на копијата е забрането. Оставена е можност ова прашање поинаку да биде уредено со посебен закон. На барање на сопственикот на личната карта, контролорот, односно обработувачот е должен да издаде потврда за направената копија на личната карта, согласно ставот 5 од членот 9-а. Со истата одредба предвидено е дека на потврдата за направената копија задолжително се наведува целта за која е направена копијата и рокот на нејзиното чување. Ставот 6 од членот 9-а се однесува на забраната за чување на копија на лична карта во електронски облик, освен доколку со посебен закон ова прашање не е поинаку уредено. Во предложените изменувања и дополнувања на овој закон се употребуваат изразите „контролор“, „обработувач“ и „согласност“, па од тие причини со ставот 7 од истиот член предвидено е дека овие изрази го имаат истото значење како и изразите кои се употребени во посебен закон, односно во Законот за заштита на личните податоци.
  • Со предложените изменувања и дополнувања на законот предвидено е дека надзор над спроведувањето на одредбите од членот 9 став 2 и членот 9-а од овој закон ги врши Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со одредбата од членот 4 од Предлог на законот се врши прецизирање на прекршочната одредба со ново предложената формулација на членот 9 став 2 од законот.
  • Со оглед на новата надлежност на Дирекцијата за заштита на личните податоци да врши надзор над примената на дел од одредбите на Законот за личната карта (член 9 став 2 и член 9-а) се јавува потреба за уредување на прашањето за водење на прекршочната постапка. Така, со членот 15-б се предвидува дека за прекршоците предвидени со одредбите од членот 15 ставови 3, 4 и 5 од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Дирекцијата за заштита на личните податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци, со што се прави дистикција од надлежноста за водење на прекршочната постапка за останатите прекршоци која се води од страна на посебна комисија на Министерството за внатрешни работи.
  • Предложениот член 6 претставува овластување Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за личната карта, со оглед на бројните изменувања и дополнувања на предметниот закон.
  • Завршната одредба на предложените изменувања и дополнувања на законот е содржанa во членот 7 од предлогот на законот

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Четврток, 29 ноември 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта денеска е на прво читање на Законодавно правната комисија.  Измените доаѓаат по иницијатива на Дирекцијата за заштита на личните податоци која при инспекцискиот надзор утврдила дека многу контролори, односно обработувачи ги задржуваат личните карти на граѓаните кои влегуваат во одредени деловни простории, без да е предвидена законска основа за ваквото задржување на личната карта. Заради обезбедување на правична и законска обработка на личните податоци, Министерството за внатрешни работи предлага да се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за личната карта.  

Објаснување на содржината од Предлог-законот

Со Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта се врши измени и дополнувања на Законот за личната карта со цел создавање на нормативни предуслови за правична и законска обработка на личните податоци. Имено, со Законот за личната карта предвидено е дека личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството на Република Македонија, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија, како и дека граѓанинот може да има само една лична карта. Надлежен орган за издавање на лична карта согласно предметниот закон е Министерството за внатрешни работи според подрачјето на кое граѓанинот има живеалиште. Личната карта како јавна исправа граѓанинот е должен да ја носи со себе и да ја покаже на барање на службеното лице кое со закон е овластено да легитимира. Со предметниот закон предвидена е законска обврска секој граѓанин со наполнети 18 години живот да има лична карта, како и предвидено е дека не е дозволено давање на лична карта на друг на послуга, односно послуга со туѓа лична карта како со своја.

Давањето на лична карта на друг на послуга, односно, послугата со туѓа лична карта како со своја, преставува прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција.

Дирекцијата за заштита на личните податоци како самостоен и независен орган при вршењето на инспекцискиот надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита, утврдила дека контролорите, односно обработувачите при обработката на личните податоци собираат и чуваат копии од лични карти без да имаат законска основа за тоа, односно ја вршат наведената активност без да се има реална потреба од собирање и чување на копии од лични карти. При извршените инспекциски контроли, овој надлежен орган утврдил дека без законски основ или реално утврдена потреба контролорите, односно обработувачите собираат и чуваат копии од личната карта во работните досиеата при склучување на договори за вработување, при склучување на различни договори, при заверување на исправи и други слични документи.

Исто така, овој надлежен државен орган во постапката на инспекцискиот надзор утврди дека многу контролори, односно обработувачи ги задржуваат личните карти на граѓаните кои влегуваат во одредени службени, односно деловни простории без да е предвиденa законска основа за ваквото задржување на личната карта.

Според Дирекцијата,  ваквата практика е резултат на отсуство на одредба во Законот за личната карта, па од тие причини е доставена иницијатива за измена на овој закон.   

Имено, согласно членот 5 став 1 од Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Македонија“ број 7/05, 103/08, 124/10 и 135/11) предвидено е дека личните податоци се обработуваат правично и согласно закон; се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, како и дека личните податоци се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и обработуваат.

  • Од тие причини со членот 1 од Предлогот на закон се пристапува кон изменување на ставот 2 од членот 9. Имено, со предложените изменувања и дополнувања на законот се забранува задржување на туѓа лична карта по било кој основ.  Со наведената одредба и понатаму не е дозволено давањето на лична карта на друг на послуга, како и послужувањето со туѓа лична карта како со своја.
  • Ново предложениот став 3 на членот 9 од предметниот закон се предлага заради определување на дејствијата кои во смисла на Законот за личната карта се сметаат за зaдржување на туѓа лична карта. Така со предложениот закон се прецизира дека задржување на туѓа лична карта ги опфаќа дејствијата со кои од страна на службени лица кои со закон се овластени да вршат легитимирање или било кое друго овластено лице, се чува туѓата лична карта, односно се држи подолго од времето потребно за утврдување на идентитетот на граѓанинот без негово непосредно присуство, како и секое дејствие со кое на граѓанинот му се оневозможува личната карта да ја носи со себе.
  • Со предложените изменувања и дополнувања на Законот за личната карта се предлага и нов член 9-а, со кој предвидено е дека контролорите, односно обработувачите на збирките на личните податоци, можат да ја копираат личната карта само во случаи утврдени со закон. Со ставот 2 од членот 9-а предвидена е можност за копирање на личната карта од страна на нотарите, контролорите и обработувачите. Оваа можност е предвидена за нотарите при утврдување на идентитетот и субјективитетот на учесниците во постапките кои се водат согласно закон. Со истиот став на овој член предвидена е можност за копирање на личната карта од страна на контролорот, односно обработувачот на збирките на лични податоци само во случаи утврдени со закон. Со ставот 3 од истиот член предвидена е законска можност за копирање на личната карта за остварување на однапред утврдена цел, а врз основа на претходна изречена согласност на сопственикот на личната карта. Со предложените изменувања и дополнувања на законот се предлага копијата на личната карта соодветно да се означи дека не може да се користи за друга цел освен за целта за која е направена. Со ставот 4 од членот 9-а предвидено е дека натамошното копирање, односно умножување на копијата е забрането. Оставена е можност ова прашање поинаку да биде уредено со посебен закон. На барање на сопственикот на личната карта, контролорот, односно обработувачот е должен да издаде потврда за направената копија на личната карта, согласно ставот 5 од членот 9-а. Со истата одредба предвидено е дека на потврдата за направената копија задолжително се наведува целта за која е направена копијата и рокот на нејзиното чување. Ставот 6 од членот 9-а се однесува на забраната за чување на копија на лична карта во електронски облик, освен доколку со посебен закон ова прашање не е поинаку уредено. Во предложените изменувања и дополнувања на овој закон се употребуваат изразите „контролор“, „обработувач“ и „согласност“, па од тие причини со ставот 7 од истиот член предвидено е дека овие изрази го имаат истото значење како и изразите кои се употребени во посебен закон, односно во Законот за заштита на личните податоци.
  • Со предложените изменувања и дополнувања на законот предвидено е дека надзор над спроведувањето на одредбите од членот 9 став 2 и членот 9-а од овој закон ги врши Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со одредбата од членот 4 од Предлог на законот се врши прецизирање на прекршочната одредба со ново предложената формулација на членот 9 став 2 од законот.
  • Со оглед на новата надлежност на Дирекцијата за заштита на личните податоци да врши надзор над примената на дел од одредбите на Законот за личната карта (член 9 став 2 и член 9-а) се јавува потреба за уредување на прашањето за водење на прекршочната постапка. Така, со членот 15-б се предвидува дека за прекршоците предвидени со одредбите од членот 15 ставови 3, 4 и 5 од овој закон, прекршочна постапка води и прекршочна санкција изрекува Дирекцијата за заштита на личните податоци во согласност со прописите за заштита на личните податоци, со што се прави дистикција од надлежноста за водење на прекршочната постапка за останатите прекршоци која се води од страна на посебна комисија на Министерството за внатрешни работи.
  • Предложениот член 6 претставува овластување Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија да утврди пречистен текст на Законот за личната карта, со оглед на бројните изменувања и дополнувања на предметниот закон. 
  • Завршната одредба на предложените изменувања и дополнувања на законот е содржанa во членот 7 од предлогот на законот.

/ Прочитано:

0

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта (СОБРАНИЕТО ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ)

Вторник, 29 ноември 2012 – Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта е на прво читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.  Измените доаѓаат по иницијатива на Дирекцијата за заштита на личните податоци која при инспекцискиот надзор утврдила дека многу контролори, односно обработувачи ги задржуваат личните карти на граѓаните кои влегуваат во одредени деловни простории, без да е предвидена законска основа за ваквото задржување на личната карта. Заради обезбедување на правична и законска обработка на личните податоци, Министерството за внатрешни работи предлага да се пристапи кон изменување и дополнување на Законот за личната карта.  