/ Прочитано:

754

Предлогот на Студентскиот парламент е прифатлив за МОН

Понеделник, 5 јануари 2015 – Предлогот, кој во текот на вчерашниот ден го изнесоа претставници на дел од студентските парламенти во земјата, кој се однесува на можноста за студентите да полагаат една третина од предметите во третата студиска година, независно од тоа дали го положиле или не го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година, е прифатлив за  Министерството за образование и наука.

„Предлогот на студентите е надополнување на првичната иницијатива на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ – Охрид, кој побара студентите да можат да одат на предавања, односно да слушаат предмети од третата студиска година, независно дали го положиле првиот дел од државниот испит на крајот од втората студиска година“, соопшти МОН.