/ Прочитано:

725

Предложени дополнувања на Законот за здравственото осигурување во врска со набавката на лекови

Група пратеници предлага дополнување на Законот за здравственото осигурување, а во врска со набавката на лекови од страна на јавните здравствени установи.

akad 4

Во образложението на предложеното дополнување на Законот, се вели дека со дополнувањето ќе се овозможи набавка на лекови кои не се на листата на лекови од страна на јавните здравствени установи, а врз основа на претходна согласност од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.